User manual
Печење
Загрејте ја празната печка 5 минути.
Скара со поставена максимална температура.
Храна Функција Време (мин.) Ниво на
решетката
Тост Печење 1 - 3 5
Говедски бифтек Печење
24 - 30
1)
4
1)
Превртете на половина од времето.
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
11.1 Забелешки за
чистењето
Предниот дел на печката чистете го со
мека крпа натопена со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини
употребете специјално средство за
чистење за таа намена.
Внатрешноста на рерната чистете ја
после секоја употреба. Насобирањето
на мрснотии или други остатоци од
храна може да резултира со пожар.
Ризикот е поголем кај тавата со
решетка.
Чистете го целиот прибор после секоја
употреба и оставете го да се исуши.
Користете мека крпа натопена со
топла вода и средство за чистење. Не
чистете го приборот во машината за
миење садови.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја
со специјално средство за чистење
печки.
Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства или
остри предмети, ниту пак во машина
за миење садови. Тоа може да
предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
Исчистете ја влагата од внатрешноста
пред секоја употреба.
11.2 Чистење на
изгравирана внатрешност
Процедурата на чистење го
отстранува преостанатиот бигор од
долната изгравирана површина после
процесот на готвење на пареа.
За функцијата: Готвење со
вентилатор ПЛУС ви
препорачуваме да ја
направите процедурата на
чистење барем на секој 5 -
10 циклус на печење.
1. Ставете 250 ml вински оцет во
изгравираната внатрешност во
дното на печката.
Користете 6% вински оцет без
адитиви.
2. Оставете винскиот оцет да го
раствори преостанатиот бигор на
собна температура 30 минути.
3. Исчистете ја вратата од печката со
топла вода и мека крпа.
11.3 Држачи на решетки што
се вадат
За да ја исчистите печката, извадете
ги држачите за решетки.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте кога ги вадите
држачите на решетките.
1. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
МАКЕДОНСКИ 37