User manual

Менување на светлото во печката и чистење на внатрешниот ѕид (левата страна од
внатрешноста на печката):
1. Извадете го левиот држач за решетката.
2. За вадење на стаклената маска
употребете штрафцигер крстач.
3. Извадете ги и исчистете ги
металната рамка и дихтунгот.
4. По потреба, заменете го светлото во
печката.
Употребете ист тип сијалица за печка.
5. Вратете ги металната рамка и
дихтунгот на место и прицврстете ги
завртките.
6. Поставете го левиот држач на
решетката.
Врата и стаклени плочи
Извадете ја вратата од рерната за да ја исчистите.
ВНИМАНИЕ
Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Вадење на вратата
1. Отворете ја вратата докрај.
2. Притиснете ги стегите (A) докрај од
двете страни на шарките.
3. Затворете ја вратата од печката до
првата позиција (агол од околу 70°).
4. Држете ја вратата на печката од
двете страни и повлечете ја од
печката под нагорен агол.
Вратете ја вратата на место на истиот
начин во обратен редослед.
Бројот на стаклени плочи е различен кај различни модели.
ВНИМАНИЕ
Положете ја вратата со надворешната страна врз мека и рамна површина за да не се
изгребе.
Вадење и чистење на стаклените плочи од вратата
1. Извадете ја вратата.
A
A
30 Нега и чистење