User manual

Храна Прибор Коментари
Замрзната пица: Тава Тесто за пица, полупечено
и без дополнителен
прелив.
- Претходно печено Тава Тесто за пица, полупечено
и без дополнителен
прелив.
- Не претходно печено Тава Без дополнителен прелив.
- Калцоне Тава -
Свежа пица Претходно
печено
Тава -
Пица оброк Тава -
11.7 Совет за специјалните
функции за греење на
печката
Одржување на топлина
Користете ја оваа функција доколку
сакате да ја одржите храната топла.
Температурата автоматски се
регулира на 80°C.
Топлење на чинии
За загревање чинии и јадења.
Распоредете ги порциите и јадењата
еднакво по решетката. Разместете ги
редовите откако ќе помине половина
од времето за подгревање (заменете
горе и доле).
Автоматската температура е 70°C.
Препорачано ниво на решетката: 3.
Киснато тесто
Оваа автоматска функција можете да
ја користите со кој било рецепт за
потквасено тесто што ви се допаѓа.
Оваа функција ви обезбедува добра
околина за нараснување на тестото.
Ставете го тестото во сад кој е
доволно длабок за нараснување и
покријте го со влажна крпа или
пластична фолија. Вметнете ја
решетката на првото ниво и ставете го
садот на неа. Затворете ја вратата и
поставете ја функцијата: Киснато
тесто. Поставете го потребното време.
11.8 Печење
Вашата печка може да ги пече
тестото или месото различно од
апаратот што сте го имале порано.
Приспособете ги вашите
вообичаени поставки (температура,
траење на готвењето) и нивоата на
решетката кон вредностите во
табелите.
Производителот препорачува
првиот пат да ја користите
пониската температура.
Ако не можете да ги најдете
поставките за одреден рецепт,
побарајте некој што е скоро ист.
Времето на печење може да се
продолжи за 10-15 минути доколку
печете колачи на повеќе нивоа.
Колачите и пецивата со различна
висина не потемнуваат еднакво
првиот пат. Доколку дојде до тоа,
не менувајте ги поставките за
температурата. Разликата ќе се
израмни во текот на печењето.
При подолго време на печење,
можете да ја исклучите печката
приближно 10 минути пред
истекување на времето за печење,
а потоа да го искористите остатокот
од топлината.
www.aeg.com28