User manual

не ставајте алуминиумска
фолија директно на дното на
апаратот.
не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди, пожар
или оштетување на
апаратот.
Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.5 Чистење со пиролиза
Опасност од повреди /
Пожари / Хемиски
Испарувања (Гасови) во
режим на чистење со
пиролиза.
Пред да ја спроведете функцијата
самостојно чистење со пиролиза
или пред првата употреба, од
внатрешноста на печката извадете
ги следните работи:
Сите одвишни остатоци на
храна, истурени / наслаги масло
или маст.
Сите предмети што можат да се
извадат (вклучително
решетките, страничните шини
итн., обезбедени со
производот), особено
нелепливите тенџериња,
тавите, тацните, приборот итн.
Внимателно прочитајте ги
упатствата за чистењето со
пиролиза.
Чувајте ги децата подалеку од
апаратот додека се врши
чистењето со пиролиза.
Апаратот станува многу жежок и се
испушта жежок воздух од предните
вентилатори за ладење.
Чистењето со пиролиза е операција
на висока температура што може
да ослободи испарувања од
остатоците од готвењето и
материјалите на садовите, и затоа
на купувачите им се препорачува
следново:
Да се обезбеди добро
проветрување за време и после
секое чистење со пиролиза.
Да се обезбеди добро
проветрување за време и по
првата употреба на максимална
температура за работа.
www.aeg.com6