Operating Instructions and Installation Instructions

61
Ракување - за корисникот и за специјализираниот техничар
РАКУВАЊЕ
1. Општи совети
Поглавјата Посебни совети и Ракување се однесу-
ваат на корисникот и на специјализираниот техничар.
Поглавјето „Инсталација“ се однесува на специјали-
зираниот техничар.
Напомена
Внимателно прочитајте го ова упатство пред ра-
кувањето и чувајте го.
Предадете го упатството ако е потребно на след-
ниот корисник.
1.1 Безбедносни совети
1.1.1 Состав на безбедносните совети
!
СИГНАЛЕН ЗБОР вид опасност
Тука стојат можните последици од непочитување
на безбедносниот совет.
» Тука стојат мерките за одбрана од опасноста.
1.1.2 Симболи, вид опасност
Симбол Вид опасност
Повреда
Струен удар
Горење
(горење, попарување)
1.1.3 Сигнални зборови
СИГНАЛЕН
ЗБОР
Значење
ОПАСНОСТ Напомени, чиешто непочитување ќе доведе до
тешки повреди или смрт.
ПРЕДУПРЕДУ-
ВАЊЕ
Напомени, чиешто непочитување може да дове-
де до тешки повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ Напомени, чиешто непочитување може да дове-
де до средни или лесни повреди.
1.2 Другите ознаки во оваа
документација
Напомена
Општите напомени се означени со симболот
којшто стои отстрана.
» Внимателно прочитајте ги инструкциите.
Симбол Значење
Материјална штета
(Оштетување на уредите, консеквентна штета,
загрозување на животната средина)
Отстранување на уредите
» Овој симбол кажува дека треба нешто да на-
правите. Потребните дејства ќе бидат опишани
чекор по чекор.
1.3 Мерни единици
Напомена
Ако не е поинаку наведено, сите мери се во ми-
лиметри.
2. Безбедност
2.1 Прописна примена
Уредот е предвиден за домашна примена. Со него
не можат безбедно да ракуваат лицата коишто не
се упатени. Уредот може да се примени и надвор од
домаќинството, на пр., во мали компании, доколку се
користи на истиот начин.
Ова е уред под притисок за загревање на студена
вода според DIN 1988. Со него можат да се снабду-
ваат едно или повеќе места на црпење. Уредот е по-
годен за дополнително загревање на вода загреана
до 45 °C. Максимално дозволената приливна темпе-
ратура изнесува 60 °C. При повисоки температури
може да дојде до оштетување на уредот. Од 45 °C
на екранот се појавува приказот „Error“. Приливната
температура може со помош на Централниот тер-
мостат“ (погледнете го поглавјето „Дополнителен
прибор“) да се ограничи на 60 °C.
Поинаква примена или примена која го надминува на-
веденото важи за непрописна. Во прописна употреба
спаѓа и придржувањето кон ова упатство. Со измени
или преправки на уредот се поништува секакво по-
барување од гаранцијата.
2.2 Безбедносни совети
Придржувајте се кон следните безбедносни совети
и прописи.
Сите потребни чекори, сè до првото пуштање на
уредот во работа, мора да ги изведе специјализи-
ран техничар.
При инсталирањето и првото пуштање во работа
стручниот техничар е одговорен за придржување
кон важечките прописи.
Пуштајте го уредот во работа само кога е комплетно
инсталиран и кога ги има сите безбедносни уреди.
Радиоастерот за температура се напојува
преку литиумска ќелија за копче.
Фрлете ги потрошените батерии. Истечените
батерии предизвикуваат оштетувања, за кои не
одговараме.
Употребата на никеладмиумски батерии не е до-
зволена.
ВНИМАНИЕ горење
При истечни температури поголеми од 43 °C
постои опасност од попарување.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ повреда
Децата над 8 години, како и лицата со ограниче-
ни телесни, сетилни или ментални способности
или без доволно искуство и знаење може да го
користат уредот под надзор или доколку бидат
упатени во безбедното ракување и ги разбираат
опасностите коишто произлегуваат оттаму. Де-
цата не смеат да се играат со апаратот. Децата
не смеат без надзор да го чистат или да спрове-
дуваат корисничко одржување.
!
!