Operating Instructions and Installation Instructions

68
Инсталација - за специјализираниот техничар
ИНСТАЛАЦИЈА
7. Безбедност
7.1 Прописи и одредби
Сите потребни чекори, сè до првото пуштање на
уредот во работа, како и неговото одржување,
мора да ги изведува специјализиран техничар и
тоа во согласност со ова упатство.
Беспрекорното функционирање и работната
безбедност се обезбедени само ако за уредот се
користат соодветниот оригинален прибор и ори-
гиналните резервни делови.
Придржувајте се кон локалните прописи и од-
редби во однос на приклучувањето на водата и
приклучувањето на струјата.
Придржувајте се кон одредбите на локални-
те претпријатија за електродистрибуција и
водоснабдување.
Специфичниот електричен отпор на водата не
смее да биде помал од оној, наведен на плоч-
ката со ознаки! Кај поврзана водоводна мрежа
треба да се запази минималниот електричен
отпор на водата (погледнете го поглавјето „Под-
рачја на примена“). Специфичниот електричен
отпор на водата или електричната спроводли-
вост на водата ќе ја дознаете во претпријатието
за водоснабдување.
Монтирајте го уредот само во затворена просто-
рија без мраз. Чувајте го и демонтираниот уред
заштитен од мраз, бидејќи во него секогаш има
преостаната вода.
Видот заштита IP 25 (заштита од вода во млаз)
е гарантирана само со прописно монтиран рака-
вец на кабелот.
7.2 Водоводна инсталација
Линија на ладна вода
Дозволени материјали: топлопоцинкувана че-
лична цевка, цевка од облагороден челик, бакар-
на цевка или цевка од пластика.
Линија на топла вода
Дозволени материјали: цевка од облагороден
челик, бакарна цевка или пластична цевка.
Во текот на работата можат да се постигнуваат
температури до макс. 60 °C. Во случај на пречка,
може да дојде до краткотрајни оптоварувања на
инсталацијата од макс. 95 °C / 1,2 MPa. Употре-
бениот систем на пластични цевки мора да биде
конструиран за овие услови.
Во цевките за топла вода од проточниот бојлер
не се дозволени безбедносни вентили!
Арматури за отворени уреди не се дозволени!
Доколку користите термостатски арматури, при-
држувајте се кон податоците од поглавјето „Пре-
пораки за нагодување“.
Уредот е погоден за вода пред-загреана до 60 °C.
Максимално дозволената приливна температура
изнесува 60 °C. При повисоки температури може
да дојде до оштетување на уредот. Приливната
температура може со помош на „Централниот
термостат (погледнете го поглавјето „Допол-
нителен прибор“) да се ограничи на 60 °C.
7.3 Електроинсталација
Електричното приклучување смее да се изведу-
ва само на фиксно поставени водови!
Уредот мора, на пример со осигурувачи, да може
да се одвојува од мрежата преку разделна пате-
ка од минимум 3 mm, во сите полови!
8. Опис на уредот
Системот за греење со гола жица е погоден и за се-
каков вид на тврдост на водата (погледнете го по-
главјето „Подрачја на примена“).