User manual

115
МАКЕДОНСКИ
B. Функционирање и избор на брзината
на моторот 1-2-3-1-2-….
C. Ја покажува брзината 1
D. Ја покажува брзината 2 (LED светилка)
и заситеноста на филтерот за масти
(контролна светилка).
E. Ја покажува брзината 3 (LED светилка)
и заситеноста на филтерот со активен
јаглен (контролна светилка).
F. Ја покажува максималната брзина
(LED светилка)
G. Максимална брзина вклучена/
исклучена
(LED светилка).
Максималната брзина функционира
пет минути:
Ако аспираторот е вклучен кога се
активира максималната брзина,
апаратот ќе се врати на претходната
брзина по завршувањето на тие пет
минути.
Ако аспираторот е исклучен кога
се активира максималната брзина,
апаратот ќе се исклучи автоматски по
завршувањето на тие пет минути.
За да се прекине максималната
брзина, притиснете го копчето A или
B.
H. Исклучено осветлување
I. Вклучено осветлување
Во случај ако аспираторот или командите
не функционираат се препорачува да се
исклучи струјата најмалку 5 секунди и
потоа повторно да се вклучи. Почекајте
потоа 15 секунди и проверете дали
аспираторот функционира правилно.
Уред за контрола на филтерот за масти
и на филтерот со активен јаглен.
Аспираторот е опремен со уред што
покажува кога е потребно да се изврши
одржување на филтрите.
Ако аспираторот се користи со филтер
со активен јаглен, мора да се активира
индикаторот за заситеност како што
следи:
Држете ги притиснато истовремено
копчињата B и G околу 3 секунди. Најпрво
се активира само LED индикаторот за
филтерот за масти D, а веднаш потоа се
активира LED индикаторот на филтерот
со активен јаглен E, во тој момент е
активирана контролата на состојбата на
заситеност.
За да исклучите: држете ги притиснато
копчињата B и G 3 секунди се додека
не почне да
светка LED индикаторот на
филтерот со активен јаглен.
Led – индикатор на филтерот за масти
D
LED индикаторот на филтерот за масти
свети кога е потребно да се исчисти.
Следете ги упатствата за одржувањето.
Led – индикатор на филтерот со
активен јаглен E
LED индикаторот на филтерот со активен
јаглен се вклучува кога треба да се замени
филтерот. Тоа треба да се провери по
околу 160 часа работа по првото ставање
во функција.
Повторно воспоставување на
индикаторот на заситеноста
По чистење на филтерот, држете го
притиснато копчето A 3 секунди се додека
не престанат да светат LED светилките D
или E.
Внимание! Повторното воспоставување
на индикаторот на заситеност ТРЕБА да
се изврши со аспираторот во состојба на
подготвеност, поради тоа аспираторот не
треба да се исклучува од електричната
мрежа.
ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
Исклучете го уредот од струјното
напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете
сијаличките проверете дали се изладени.
Користете само халогенски сијалици од
12V -20W max - G4, имајќи во предвид да
не ги допирате со рацете.