User manual

2)
Не користете сол на ова ниво.
Мора да го регулирате
омекнувачот на вода како
рачно така и електронски.
Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на
водата во положба 1 или 2.
Електронско приспособување
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Внимавајте
апаратот да е во режим на
поставување, видете во
„Поставување и почнување
програма“.
2. Држете ги притиснати истовремено
копчињата (4) и (5) додека
показателите на копчињата (3), (4)
и (5) не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето (3).
Показателите на копчињата (4) и
(5) се гасат.
Показателот на копчето (3)
продолжува да трепка.
Звучните сигнали работат. На
пр. пет испрекинати звучни
сигнали = ниво 5.
На екранот се прикажува
поставката за омекнувачот на
вода. На пр.
= ниво 5.
4. Притискајте го копчето (3)
повеќепати за да ја смените
поставката.
5. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
исклучите апаратот и да ја
потврдите поставката.
6.2 Полнење на садот за сол
1.
Свртете го капачето налево и
отворете го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар сол во садот за
сол (само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол
за машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да
го затворите садот за сол.
ВНИМАНИЕ
Водата и солта може да
излезат од садот за сол кога го
полните. Постои ризик од
корозија. За да ја спречите,
откако ќе го наполните садот
со сол, стартувајте програма.
10
www.aeg.com