User manual

7.1 Користење детергент
20
30
M
A
X
1
2
3
4
+
-
A
B
C
1.
Притиснете го копчето за
отпуштање (B) за да го отворите
капакот (C) .
2.
Ставете детергент во преградата
обележана со (A) .
3.
Ако програмата за миење има
фаза на предмиење, ставете мало
количество детергент на
внатрешната страна на вратата на
апаратот.
4.
Ако користите детергент во
таблети, ставете ја таблетата во
дозерот за детергент (A).
5.
Затворете го капакот. Погрижете
се копчето за отпуштање да се
заклучи во правилна позиција.
7.2 Поставување и
почнување програма
Режим на поставување
За некои поставки, апаратот треба да
е поставен во режим за поставување.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите
апаратот. Апаратот е во режим на
поставување кога на екранот се
прикажани 2 хоризонтални статусни
ленти. Ако контролната табла не ја
покаже оваа состојба, притиснете
RESET.
Почнување програма без
одложен почеток
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режим на
поставување.
3. Притискајте едно од копчињата за
програми додека на екранот не се
прикаже бројот на програмата што
сакате да ја почнете.
Бројката на програмата трепка
на екранот.
Ако сакате, можете да ги
поставите достапните опции.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата почнува.
Времетраењето на програмата
почнува да се намалува во чекори
од 1 минута.
Почнување програма со
одложен почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притискајте го Delay повеќепати
додека на екранот не се прикаже
времето на одложување што
сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
Времето на одложување трепка
на екранот.
Показателот Delay се пали.
3. Затворете ја вратата на апаратот.
Одбројувањето почнува.
Кога ќе заврши одбројувањето,
почнува програмата.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот
запира. Кога ќе ја затворите вратата,
апаратот продолжува од точката на
прекинот.
12
www.aeg.com