User manual

Ако сакате да ги користите овие
таблети заради тврдоста на водата,
исто така морате да користите и сол
за садови за миење садови. Прво
вклучете ја опцијата Multitab, потоа
приспособете го омекнувачот за
вода во зависност од областа и
користете сол за машини за миење
садови.
Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог на садовите за јадење, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент
од препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на
детергентот.
8.3 Полнење на корпите
Видете во доставениот
проспект со примери за
полнење на корпите.
Користете го апаратот за да миете
садови кои се сигурни за машина за
миење на садови.
Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
алишта).
Отстранете ја преостанатата храна
од предметите.
За лесно да ја отстраните
преостаната изгорена храна,
накиснете ги тенџерињата и тавите
во вода пред да ги ставите во
апаратот.
Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
Внимавајте приборот за јадење и
садовите да не се допираат.
Измешајте ги лажиците со другите
садови.
Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
Ставете ги малите садови во
корпата за прибор за јадење.
Ставете ги лесните садови во
горната корпа. Погрижете се
садовите да не се движат.
Проверете дали прскалките може
да се движат слободно пред да
почнете програма за миење.
8.4 Пред почеток на
програма
Погрижете се за следново:
Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
Прскалките да не се затнати.
Предметите да се правилно
распоредни во корпите.
Програмата којашто ја користите да
е примелнива за видот на алиштата
и степенот на извалканост.
Правилна количина на детергент
којшто треба да се искористи.
Погрижете се да имате сол за
машина за миење на садови и
средство за плакнење (освен ако не
користите комбинирани детергент
таблети).
Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
9. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го
штекерот за струја од
приклучницата.
Валканите филтри и затнатите
прскалки може да ги намалат
резултатите од миењето.
Правете проверки во
определени временски
интервали и доколку е
потребно, исчистете ги.
14
www.aeg.com