User manual

5. ОПЦИИ
Активирајте или деактивирајте
ги оциите пред стартот на
програмата. Не смеете да ги
активирате или деактивирате
опциите додека работи
програма.
Доколку се поставени една или
повеќе опции, погрижете се да
бидат вклучени соодветните
показатели пред почетокот на
програмата.
5.1 TimeSaver
Оваа опција ги зголемува притисокот
и температурата на водата. Фазите за
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за отприлика 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма којашто има нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
Како да се вклучи опцијата TimeSaver
1. Притиснете го TimeSaver. Се пали
соодветниот показател. На екранот
можете да го видите ажурирањето
на времетраењето на програмата.
Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветниот
показател трепка брзо 3 секунди
и потоа се гаси.
5.2 Multitab
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува користењето
на средство за плакнење и сол.
Соодветните показатели остануваат
исклучени.
Времетраењето на програмата може
да се зголемува.
Како да се вклучи опцијата Multitab
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Притиснете го Multitab, се вклучува
соодветниот показател.
Опцијата останува вклучена сЀ додека
не ја исклучите. Притиснете го
Multitab, соодветниот показател се
исклучува.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со детергент,
пред да почнете да користите
одвоено детергент, средство за
плакнење и сол за машини за миење
садови, направете ги следниве
чекори:
1. Исклучете ја опцијата Multitab.
2. Нагодете го омекнувачот на вода
на највисокото ниво.
3. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
4. Вклучете ја најкратката програма
со фаза за плакнење, без
детергент и без садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
вашата област.
6. Поставете ја истечената количина
на средството за плакнење.
5.3 Звучни сигнали
Звучните сигнали се вклучуваат кога
апаратот има неисправност или кога
ќе се појави приспособување на
нивото на омекнувачот на вода и кога
ќе заврши програма.
По правило, звучните сигнали се
вклучени, но може да се исклучат.
Како да ги исклучите звучните сигнали
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Внимавајте
апаратот да е во режим на
поставување, видете во
„Поставување и почнување
програма“.
2. Држете ги притиснати истовремено
копчињата (4) и (5) додека
показателите на копчињата (3), (4)
и (5) не почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето (5),
Показателите на копчињата (3) и
(4) се гасат.
Показателот на копчето (5)
продолжува да трепка.
8
www.aeg.com