User manual

9.2 Подесување и
стартување на програма
Функција Auto Off
Оваа функција ја намалува
потрошувачката на енергија со
автоматско деактивирање на апаратот
кога работи.
Функцијата почнува да работи:
5 минути после завршувањето на
програмата.
После 5 минути ако програмата
сеуште не започнала.
Стартување програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режимот за
одбирање на програма и дали е
затворена вратата.
2. Притискајте го Program
повеќепати додека не се запали
показателот на програмата што
сакате да ја поставите.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
3. Поставете ги применливите опции.
4. Притиснете Start за да ја вклучите
програмата.
Показателот за тековната фаза
се пали.
Времетраењето на програмата
започнува да се намалува во
чекори од по 1 минута.
Вклучување програма со
одложен почеток
1. Поставете програма.
2. Притиснете го Delay неколку пати,
сѐ додека на екранот не се покаже
времето на одложување што
сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
3. Притиснете на Start за да започне
одбројувањето.
Показателот за одложување се
пали за да го потврди стартот
на одбројувањето.
Одбројувањето почнува да се
намалува во чекори од 1 час.
Само последниот час ќе се
намалува со чекори од 1
минута.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува и се вклучува
показното светло за фазата што е во
функција. Показното светло за
одложување не се гаси.
Отворање на вратата
додека апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ги
поставите програмата и опциите.
Притиснете и задржете ги
истовремено Delay и Option се додека
апаратот не е во режим за одбирање
на програма.
Откажување на програма
Притиснете и задржете ги
истовремено Delay и Option се додека
апаратот не е во режим за одбирање
на програма.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, се
вклучува показателот за крај и екранот
прикажува 0:00
Сите копчиња се неактивни освен
копчето за вклучување/исклучување.
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување или
чекајте функцијата Auto Off да го
исклучи апаратот автоматски.
www.aeg.com16