User manual
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
12. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да го
повикате Овластениот Сервис,
проверете дали можете да го решите
сами проблемот или со помош на
информациите дадени во табелата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Поправки кои не се
правилно направени може
да имаат сериозни
последици по сигурноста
кај корисникот. Секоја
поправка мора да биде
направена од
квалификуван кадар.
При некои дефекти, екранот
покажува шифра за аларм.
Поголемиот број проблеми кои
може да се појават може да се
решат без потреба да се контактира
Авторизиран Сервисен Центар.
Проблем и шифра за
аларм
Можни причини и решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
• Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во
штекерот.
• Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата
со осигурувачи.
Програмата не почнува да
работи.
• Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
• Доколку е поставено одложено почнување, откажете
ја поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
• Апаратот ја започна процедурата за промена на јони
во омекнувачот на вода. Времетраењето на
процедурата е околу 5 минути.
Машината не се полни со
вода.
На екранот се прикажува
.
• Проверете дали е отворена славината за вода.
• Проверете да не е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете се во
локалното водостопанство.
• Проверете да не е затната славината за вода.
• Внимавајте филтерот во доводното црево да не е
затнат.
• Проверете доводното црево да не е засукано или
свиткано.
МАКЕДОНСКИ 41










