User manual

Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши и ќе ја
отворите вратата, апаратот
автоматски се исклучува.
Затворете ја славината за вода.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Немојте да ги плакнете садовите
рачно. Кога е потребно, користете
ја програмата за предперење (ако е
достапна) или одберете програма
со фаза за предперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода којшто е
отпуштен од прскалките да биде
целосно пуштен врз садовите и тие
да бидат целосно измиени.
Внимавајте предметите да не се
допираат или да не се покриваат
едни со други.
Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти -
таблети ( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се
во 1“). Постапувајте според
податоците на амбалажата.
Одберете ја програмата според
видот и степенот на извалканост на
садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
10.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Мулти - таблетите се обично
погодни за области каде тврдоста
на водата е до 21 °dH. Во области
кои го пречекоруваат овој лимит,
средството за плакнење и солта
мора да се користат како додаток
на мулти-таблетите. Сепак, во
области каде има тврда и многу
тврда вода препорачуваме да се
користи само детергент (во прав,
гел, таблети со дополнителни
функции), средство за плакнење и
сол одделно за оптимално чистење
и резултати при чистењето.
Ако користите мулти-таблети може
да користите опција Multitab (ако е
достапна). Оваа опција ги
подобрува резултатите на чистење
и сушење со користење на мулти-
таблети.
Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог од детергент на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
www.aeg.com34