User manual
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
11.2 Чистење на прскалките
Не вадете ги прскалките. Ако дупките
на прскалките се затнат, исчистете ја
нечистотијата со тенок шилест
предмет.
11.3 Надворешно чистење
• Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
• Користете само неутрални
детергенти.
• Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
11.4 Чистење на
внатрешноста
• Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
• Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
12. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да
повикате Овластен сервисен центар,
проверете дали можете да го решите
проблемот сами или со помош на
информациите дадени во табелата.
При некои дефекти, екранот
покажува шифра за аларм.
Проблем и шифра за
тревога
Можно решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
• Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во
штекерот.
• Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата
со осигурувачи.
Програмата не почнува да
работи.
• Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
• Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши одбројувањето.
• Апаратот ја започнал процедурата за промена на
јони внатре во омекнувачот за вода. Оваа процедура
трае околу 5 минути.
МАКЕДОНСКИ 37










