User manual

4.3 OptiHeat Control
(Показно светло за
преостаната топлина во 3
чекори)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
III / II / I Постои опасност
од изгореници поради
преостаната топлина.
Показателот го покажува
нивото на преостанатата
топлина.
Индукциските рингли ја произведуваат
неопходната топлина за процесот на
готвење директно на дното на
садовите за готвење. Стакло-
керамиката се затоплува од топлината
на садовите за готвење.
5. КРАТКО УПАТСТВО
5.1 Користење на екранот
на допир
За да ја вклучите дадената опција
допрете го соодветниот симбол на
екранот.
Избраната функција се вклучува
кога ќе го тргнете прстот од
екранот.
За да вртите низ достапните опции,
користете брз потег или влечете го
вашиот прст преку екранот.
Јачината на потегот определува
колку брзо ќе се движи екранот.
Вртењето може само по себе да
сопре или пак вие да го сопрете
веднаш доколку го допрете
екранот.
Можете да ги смените повеќето
параметри прикажани на екранот
кога ќе допрете соодветни симболи.
За да ја поставите потребната
функција, време можете да вртите
низ листата и/или да ја допрете
опцијата што сакате да ја изберете.
Кога апаратот е вклучен и некои
симболи исчезнуваат од екранот,
допрете го екранот каде било. Сите
симболи се појавуваат повторно.
За некои функции се појавува
прозорец со додатни информации
кога ќе ги стартувате.
Може да се користат само
симболите со задни светла.
Прво одберете рингла за да ги
вклучите функциите за тајмер.
5.2 Mени структура
Допрете на за да пристапите и да
ги промените поставките на
површината за готвење и да вклучите
некои функции. Табелата ја покажува
основната структура Mени.
Mени
Помош При Готвење
Функции на површина за
готвење
PowerSlide
Топење
МАКЕДОНСКИ 35