Recipe Book

вишокот сок со кујнска хартија.
Зачинете ги филетите од риба од
двете страни со сол и црн пипер.
Потоа ставете ги филетите од риба во
огноотпорен сад подмачкан со путер.
Измешајте ги ренданото сирење,
слатката павлака, лебните трошки,
тарагонот и сечканиот магдонос.
Распоредете ја мешавината веднаш
врз филетите од риба и ставете
парченца путер врз мешавината.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 2
7.5 Филети од риба, замрз.
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
8. КОЛАЧ
8.1 Сладок Колач
Состојки:
2 листови оригинално швајцарско
тесто или лиснато тесто (исукано во
квадрат)
50 g мелени лешници
1,2 kg јаболка
3 јајца
300 ml слатка павлака
70 g шекер
Метод:
Ставете го тестото во добро
подмачкан плех за печење и одоздола
избодете го насекаде со вилушка.
Посипете ги лешниците рамномерно
над тестото. Излупете ги јаболката,
извадете ги семките и исечете ги на 12
парчиња. Распоредете ги парчињата
рамномерно врз тестото. Добро
измешајте ги заедно јајцата, слатката
павлака, шеќерот и ванилиниот шекер
и прелијте преку јаболката.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 3
8.2 Пандиш. Торта Со
Лимон
Состојки за мешавината:
250 g путер
200 g шекер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 тропрст сол
4 јајца
150 g брашно
150 g пченкарно брашно
1 рамна лажичка прашок за пециво
рендана кора од 2 лимона
Состојки за глазурата:
125 ml сок од лимон
100 g шекер во прав
Друго:
Четвртест плех за печење, долг 30
cm
Маргарин за подмачкување
Лебни трошки за обложување на
плехот
Метод:
Ставете путер, шекер, лимонова кора,
ванилин шекер и сол во чинија за
матење и изматете ги пенесто.
Додавајте ги јајцата едно по едно и
повторно изматете пенесто.
Постепено додавајте ги брашното и
пченкарното врашно измешани со
прашокот за пециво во пенестата маса
и лесно вмешајте го.
Ставете го тестото во подмачканиот
плех за печење обложен со лебни
трошки, израмнете го и ставете го во
апаратот.
Откако ќе се испече, измешајте
лимонов сок и шекер во прав.
Превртете го испечениот колач на
алуминиумска фолија.
Свиткајте ја алуминиумската фолија
од страните на колачот нагоре за да
не може да истече преливот.
Избоцкајте го колачот со дрвено
стапче и нанесете ја глазурата со
четка. Потоа оставете го колачот да ја
впие глазурата.
Време во апаратот: 75 минути
Ниво на решетка: 2
МАКЕДОНСКИ 11