Recipe Book

50 g шекер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 тропрст сол
100 g шекер
100 g брашно
100 g пченкарно брашно
2 рамни кафени лажички прашок за
пециво
Друго:
Тркалезн плех за печење од 28 cm
со калап што се отвора, црн, дно
обложено со хартија за печење
Метод:
Одделете ги јајцата. Изматете ги
жолчките со топла вода, 50 g шекер,
ванилин шекер и сол. Матете ги
белките со 100 g шекер додека не се
стврднат добро.
Просејте ги заедно брашното,
нишестето и прашокот за пециво.
Внимателно измешајте ги жолчките и
белките. Потоа внимателно внесете ја
мешавината од брашно. Ставете го
тестото во плехот за печење,
израмнете го и ставете го во апаратот.
Време во апаратот: 45 минути
Ниво на решетка: 2
8.9 Саварин Торта
Состојки за тестото:
350 g брашно
1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
75 g шекер
100 g путер
5 жолчки
1/2 лажичка сол
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
125 ml млеко
После печењето:
375 ml вода
200 g шекер
100 ml сливова ракија или 100 ml
ликер од портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шекерот, путерот, жолчките, солта,
ванилиниот шекер и млекото во сад за
матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и
оставете го да нарасне 1 час. Потоа
ставете го тестото во калап за куглоф,
покријте го и оставете го да кисне
уште 45 минути.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 1
После печењето:
Зовријте вода и шекер и оставете да
се олади.
Додадете сливова ракија или ликер од
портокал во шербетот и измешајте.
Кога ќе се олади колачот, избодете го
на неколку места со дрвено стапче и
оставете колачот еднакво да го впие
шербетот.
8.10 Штрудла
Состојки за тестото:
375 g брашно
20 g квасец
150 ml млако млеко
60 g шекер
1 тропрст сол
2 жолчки
75 g омекнат путер
Состојки за трошките:
200 g шекер
200 g путер
1 лажичка цимет
350 g брашно
50 g сечкани ореви
30 g стопен путер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Пресечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте го со
млекото и со малку брашно од работ,
попрскајте со брашно, оставете да
нарасне на топло место додека
брашното попрскано на тестото не
покаже пукнатини.
Ставете ги шеќерот, жолчките, путерот
и солта на работ од брашното. Сето
заедно измесете го во изедначено
квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на
топло место додека не стане двапати
поголемо. Потоа исукајте го тестото и
положете го во подмачкан плех за
www.aeg.com14