Recipe Book

200 g шекер
100 g марципан
200 ml маслиново масло
450 g брашно
1 супена лажица цимет
1 пакетче прашок за пециво (околу
15 g)
50 g сечкани ф’стаци
125 g мелени бадеми
300 ml млеко
Состојки за преливот:
200 g џем од кајсии
5 супени лажици шекер во прав
1 лажичка цимет
2 супени лажици топла вода
тенко сечкани бадеми
Друго:
Плех за печење со дијаметар од 28
cm со калап што се отвора
Метод:
Изматете ги заедно јајцата, шекерот и
марципанот 5 минути, а потоа полека
додавајте маслиново масло.
Измешајте ги заедно брашното,
циметот и прашокот за пециво, а
потоа додајте ги сечканите ф’стаци и
мелените бадеми. Потоа внимателно
додајте ја оваа мешавина во смесата
со јајца заедно со млекото.
Ставете ја смесата во плех за печење
со калап што се отвора посипан со
лебни трошки.
Време во апаратот: 70 минути
Ниво на решетка: 2
После печењето:
Загрејте го џемот од кајсии и
намачкајте го врз колачот со четка.
Оставете ја да се излади. Измешајте
ги заедно шеќерот во прав, циметот и
топлата вода, а потоа премачкајте го
колачот. Потоа веднаш посипете со
тенко сечканите бадеми на
глазираната површина на колачот.
8.14 Штрудла со јабол.,
замрз.
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
8.15 Торта Со Сирење
Состојки за основата:
150 g брашно
70 g шекер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
1 јајце
70 g омекнат путер
Состојки за кремот со сирење:
3 белки
50 g суво грозје
2 супени лажици рум
750 g урда со мала масленост
3 жолчки
200 g шекер
сок од еден лимон
200 g милерам
1 пакетче прашок за крем, со вкус
на ванила (40 g или соодветна
количина на прашок за правење на
пудинг од 500 ml млеко)
Друго:
Црн плех за печење со дијаметар
од 26 cm со калап што се отвора,
подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во чинија.
Додадете го остатокот од состојките и
измешајте со рачен миксер. Потоа
ставете ја мешавината во рижидер 2
часа.
Покријте го подмачканото дно од
калапот што се отвора со околу 2/3 од
тестото и избодете повеќе пати со
вилушка.
Формирајте раб висок околу 3 cm со
остатокот од тестото.
Матете ги белките од јајцата со рачен
миксер додека не се стврднат. Измијте
го сувото грозје, оставете го добро да
се исуши, попрскајте го со рум и
оставете го да кисне.
Ставете ги урдата, жолчките, шеќерот,
сокот од лимонот, киселата павлака и
прашокот за крем во сад за матење и
добро измешајте.
На крај, внимателно измешајте ги
изматените белки и сувото грозје во
мешавината со урда.
Време во апаратот: 85 минути
Ниво на решетка: 2
www.aeg.com16