Recipe Book

Време во апаратот: 45 минути
Ниво на решетка: 3
9.7 Француски Киш
Состојки за тестото:
200 g брашно
2 јајца
100 g путер
1/2 лажичка сол
малку црн пипер
1 прстофат мускатно оревче
Состојки за преливот:
150 g рендано сирење
200 g варена шунка или посна
сланина
2 јајца
250 g кисела павлака
сол, црн пипер и мускатно оревче
Друго:
Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини
во чинија за мешање и измешајте до
изедначено тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка.
Распоредете ја сланината врз тестото.
За да го направите филот, измешајте
ги заедно јајцата, киселата павлака и
зачините. Потоа додајте го сирењето.
Истурете го филот врз сланината.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 2
9.8 Колач Со Сирење
Состојки:
1,5 листа оригинално швајцарско
тесто или лиснато тесто (исукано во
квадрат)
500 g рендано сирење
200 ml слатка павлака
100 ml млеко
4 јајца
сол, црн пипер и мускатно оревче
Метод:
Ставете го тестото на добро
подмачкан плех за печење. Избодете
го целото тесто со вилушка.
Распоредете го сирењето рамномерно
врз тестото. Изматете ги павлаката,
млекото и јајцата и зачинете со сол,
црн пипер и мускатно оревче.
Повторно добро изматете и истурете
ја смесата врз сирењето.
Време во апаратот: 45 минути
Ниво на решетка: 3
9.9 Паста Со Сирење
Состојки:
400 g фета сирење
2 јајца
3 супени лажици сечкан магдонос
црн пипер
80 ml маслиново масло
375 g кори
Метод:
Измешајте ги заедно фета сирењето,
јајцата, магдоносот и црниот пипер.
Покријте ги корите со влажна крпа за
да не се исушат. Ставете 4 кори една
преку друга откако секоја сте ја
намачкале со малку масло.
Пресечете ги на 4 ленти, секоја со
должина од 7 cm.
Ставајте по 2 рамни супени лажици од
мешавината со фета на аголот од
секоја лента и дијагонално диплете во
триаголник.
Редете ги од горе надолу во плехот за
печење и премачкувајте ги со масло.
Време во апаратот: 25 минути
Ниво на решетка: 2
9.10 Кнедли (30 мали
парчиња)
Состојки за тестото:
250 g брашно од крупник
250 g путер
250 g урда со мала масленост
сол
Состојки за филот:
1 мала главичка од бела зелка (400
g)
50 g сланина
2 супени лажици пречистен путер
МАКЕДОНСКИ 19