Recipe Book

Повторно оставете ја векната да
нарасне уште половина од нејзиниот
волумен. Пред печење наросете
малку брашно.
Време во апаратот: 55 минути
Ниво на решетка: 2
9.13 Милиброд Со Квасец
Состојки за тестото:
750 g брашно
30 g квасец
400 ml млеко
10 g шекер
15 g сол
1 јајце
100 g омекнат путер
Состојки за глазурата:
1 жолчка
малку млеко
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Пресечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте го со
млекото и со малку шекер и брашно од
работ, попрскајте го со брашно,
оставете го да нарасне на топло место
додека брашното попрскано на
нараснатиот квасец не покаже
пукнатини.
Ставете го остатокот од шекерот,
солта, јајцето и путерот на работ од
брашното. Сето заедно измесете го во
изедначено квасно тесто.
Оставете го тестото да нарасне на
топло место додека не стане двапати
поголемо.
Потоа измерете три парчиња од
тестото со еднаква големина и секое
од нив оформете го во лента.
Исплетете ги трите ленти заедно.
Потоа покријте ја плетенката и
оставете ја да нарасне уште половина
час. Премачкајте ја површината на
плетенката со мешавина од жолчка и
млеко и потоа ставете ја во печката.
Време во печката: 50 минути
Ниво на решетка: 2
9.14 Леб/Кифлички
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
9.15 Леб/Кифлички,
замрзнати
Упатствата за времето и
температурата се наоѓаат на
пакувањето. Придржувајте се кон
упатствата на производителот.
10. ЃУВЕЧ/ПОТПЕЧЕНИ ЈАДЕЊА
10.1 Полнети печурки
Состојки за 3 лица:
6 големи печурки
1 супена лажица путер
сол
црн пипер
сок од лимон
1 мала конзерва домати, на
парчиња, околу 150 g
1/2 китка магдонос, издробена
неколку ливчиња босилок, исецкан
1 парче бел леб, скинат на мали
парчиња
75 g Горгонзола, на коцки
3 супени лажици слатка павлака
Метод:
Исчистете ги печурките. Извадете ги
дршките и исечете ги на мали
коцкички. Зачинете со сол и пипер и
попрскајте со лимонов сок.
Измешајте ги зачинетите печурки со
доматите од конзервата, магдоносот и
босилокот, лебот, горгонзолата и
кремот и потоа зачинете со сол и
пипер. Наполнете ги капчињата на
печурките и ставете ги на намрсена
тава за печење.
Време во апаратот: 15 минути
Ниво на решетка: 1
10.2 Полнети домати
Состојки за 2 лица:
МАКЕДОНСКИ 21