Recipe Book

сланината и ставете малку путер на
горниот дел.
Посипете го јадењето со власецот
пред служењето.
Време во апаратот: 30 минути
Ниво на решетка: 1
10.5 Праз тепсија
Состојки за 2 - 3 лица:
500 g праз
250 g кварк (полу мрсен)
50 ml милерам
1 јајце
50 g кашкавал, рендан, на пр.
Пармезан
1 чешне лук
сол
свежо мелен црн пипер
2 – 3 резанки шунка
1 полна супена лажица лебни
трошки
малку путер
Метод:
Исечете го празот на прсетени дебели
околу 1 cm и варете во посолена вода
5 минути. Истурете ја водата и добро
исцедете. Исечете ја шунката вна
тенки парчиња.
Измешајте ги кваркот, милерамот,
јајцата и 2/ 3 од кашкавалот заедно.
Изгмечете го лукот во мешавината и
измешајте. На крај додадете ги празот
и шунката. Зачинете со сол и црн
пипер. Потоа веднаш ставете ги во
замрсена тава за печење.
Измешајте ги преостанатиот кашкавал
и лебните трошки и посипете го
јадењето. Прошарете насекаде и со
путерот.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 1
10.6 Полнети канелони
Како предјадење за 4 лица
Како главно јадење за 2 лица
Состојки:
1 кромид, исечкан
1 кафено лажиче маргарин
1 чешне лук
1 паковање на замрзнат спанаќ
(300 g)
100 g рендано сирење
1 конзерва сечкани домати (400 g)
10 канелони (неварени)
мешан зачин
сол
бел бибер
оригано
пиперка
морско оревче
Метод:
Пропржете го кромидот во тава со
маргарин. Додадете замрзнат спана и
повремено мешајте како што се
стопува спанаќот. Продолжете да
готвите околу 5 минути, зачинете со 50
g изрендан кашкавал, бел бибер,
мешан зачин, една главица згмечен
лук и морско оревче. Доведете до
вриење и оставете да врие 3 - 4
минути. Наполнете ги канелоноте со
мешавината.
За да ја направите основата од
доматен сос, истурете ја содржината
од конзервата во долга тава за
печење, изгмечете ги доматите со
виљушка посолете, зачинете со бел
бибер, оригано и црвена пипер.
Ставете ги наполнетите канелови во
основата од доматен сос со
преостанатиот сос.
Време во апаратот: 30 минути
Ниво на решетка: 1
10.7 Потпечени Компири
Состојки:
1.000 g компири
По 1 лажичка сол, пипер и мускатно
оревче
2 чешниња лук
200 g рендано сирење
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
Излупете ги компирите, исечете ги
тенко, исушете ги и потоа зачинете ги.
Истријте огноотпорен сад за печење
со едно чешне лук, па намачкајте го со
малку путер.
МАКЕДОНСКИ 23