Recipe Book

црн пипер. Потоа продолжете со
варењето.
Ставете го зеленчукот во тавата за
печење, ставете го месото врз
зеленчукот и истурете го сосот
одозгора. Покријте ја тавата со капак и
ставете ја во апаратот.
Време во апаратот: 120 минути
Ниво на решетка: 2
4.4 Телешка коленица
Состојки:
1 задна телешка коленица 1,5 - 2 kg
4 парчиња варена шунка
2 супени лажици масло
1 лажичка сол
1 кафена лажичка благ црвен пипер
1/2 кафена лажичка босилок
1 мала конзерва сечкани печурки
(280 g)
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
вода
Метод:
Исечете 8 разрези околу целата
коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и
ставете ги во разрезите. Измешајте
масло, сол, црвен пипер и босилок и
со мешавината намачкајте ја
телешката коленица. Ставете ја
телешката коленица во тава за
печење месо и одозгора распоредете
ги печурките. Додадете супа од
зеленчук и вода во телешката
коленица. Долниот дел треба да биде
потопен во 10-15 mm. Свртете го
печеното месо после отприлика 30
минути.
Време во апаратот: 160 минути
Ниво на решетка: 1
4.5 Месен ролат со зачини
Состојки за 4 порции:
парчиња леб исецкани на мали
парчиња и омекнати со малку топла
вода
1 кромид, ситно исецкан и натопен
со малку путер
1 чешне лук, згмечен
250 g мелено говедско месо
250 g мешано свинско месо
100 g печено телешко месо
1 јајце
1 лажичка сол
црн пипер
пиперка
1 супена лажица сечкан магдонос
1 мало лажиче на исецкан
рузмарин
1 мало лажиче ливчиња мајчина
душица
4 резанки сланина, за покривање
Метод:
Измешајте ги добро сите состојки,
направете еден ролат од месо и
ставете го во една огноотпорна
чинија, отпорна на микробранова.
Покријете го со резанки сланина.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 2
4.6 Печење На Швед. Начин
Состојки:
200 g сушени сливи
150 ml бело вино
1,5 kg свинска слабина или телешки
грб (без коски)
1 кромид со средна големина
јаболко
сол, црн пипер и црвен пипер
Метод:
Омекнете ги сливите во бело вино
околу 2 часа. Исплакнете го кратко
месото со вода, потоа исушете го.
Исечете засеци во долната страна на
месото и забодете слива во секој
засек туркајќи ги колку што може да
одат во месото. Зачинете го месото и
ставете го во плех за печење со
страната без сливи свртена нагоре.
Излупете го кромидот и јаболкото,
исечете ги на осминки и ставете ги
околу печењето. Дополнете го
остатокот од виното во кое се киснаа
сливите до четвртина литар со вода и
сипете го врз печењето. Гарнир што
одговара се крокети, потпечен компир,
брокула или слично.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 2
МАКЕДОНСКИ 5