Recipe Book

Истурете ја маринадата врз месото
да го прекрие и оставете го да се
маринира 3 дена.
Состојки за печењето:
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
1 мала конзерва лисичарки
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го
со сол и црн пипер и запржете го од
сите страни во тавче на рингла.
Додадете ги лисичарките и малку супа
од зеленчук од маринадата.
Ставете ја маринадата во тава за
печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
Време во апаратот: 140 минути
Ниво на решетка: 1
5.6 Печено јагнешко месо
Поставки:
Автоматска тежина. Поставување на
опсег на тежината на јадењето од
1000 до 2000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете
го во огноотпорен сад. Додадете вода
или друга течност; долниот дел од
месото треба да биде потопен во 10 -
30 mm течност. Покријте го со капак.
Ниво на решетка: 1
5.7 Јагнешки бут
Состојки:
2,7 kg јагнешки бут со коска
30 ml маслиново масло
сол
црн пипер
3 чешниња лук
1 китка свеж рузмарин (или 1
супена лажица сув рузмарин)
вода
Метод:
Измијте го јагнешкиот бут и исушете
го, втријте го маслиновото масло и
направете засеци во месото. Зачинете
со сол и црн пипер. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
резанки, распоредете ги заедно со
рузмаринот во засеците во месото.
Ставете го јагнешкиот бут во тава за
печење месо и додадете вода.
Долниот дел треба да биде потопен во
10-15 mm. Свртете го печеното месо
после отприлика 30 минути.
Време во апаратот: 165 минути
Ниво на решетка: 1
6. ЖИВИНА
6.1 Пиле, цело
Поставки:
Автоматска тежина. Поставување на
опсег на тежината на јадењето од 900
до 2.100 g.
Метод:
Ставете го пилето во огноотпорен сад
и зачинете по вкус. По околу 30
минути, завртете го печеното месо.
Екранот прикажува потсетник.
Ниво на решетка: 1
6.2 Пилешки Копани
Состојки:
4 пилешки копани од по 250 g
250 g милерам
125 ml слатка павлака
1 лажичка сол
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка кари
1 / 2 лажичка црн пипер
250 g сечкани конзервирани
печурки
20 g пченкарен скроб
Метод:
Исчистете ги пилешките копани и
ставете ги во сад за печење.
Измешајте ги останатите состојки и
истурете ја мешавината врз
пилешките копани.
Време во апаратот: 55 минути
МАКЕДОНСКИ 7