User manual

Автоматското исклучување
не работи со следните
функции: Светло, Траење,
Крај На Готв..
11.6 Осветленост на
екранот
Има два режима на осветленост на
екранот:
Ноќна осветленост - кога апаратот
е исклучен, осветленоста на
екранот е помала меѓу 22 часот
навечер и 6 часот наутро.
Дневна осветленост:
кога апаратот е всклучен.
ако допрете копче при ноќна
осветленост (освен за
ВКЛУЧУВАЊЕ /
ИСКЛУЧУВАЊЕ), екранот се
враќа во режим на дневна
осветленост во следните 10
секунди.
ако апаратот е исклучен и ја
поставувате функцијата:
Потсетник Во Минути. Кога ќе
заврши функцијата, екранот се
враќа на ноќна осветленост.
11.7 Вентилатор за ладење
Кога работи печката, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да
ги одржува ладни површините на
печката. Ако ја исклучите печката,
вентилаторот за ладење продолжува
да работи додека печката не се
излади.
12. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
12.1 Совет за специјалните
функции за греење на
печката
Одржување На Топлина
Користете ја оваа функција доколку
сакате да ја одржите храната топла.
Температурата автоматски се
регулира на 80°C.
Топлење На Чинии
За загревање чинии и јадења.
Распоредете ги порциите и јадењата
еднакво по решетката. Разместете ги
редовите откако ќе помине половина
од времето за подгревање (заменете
горе и доле).
Автоматската температура е 70°C.
Препорачано ниво на решетката: 3.
Киснато Тесто
Оваа автоматска функција можете да
ја користите со кој било рецепт за
потквасено тесто што ви се допаѓа.
Оваа функција ви обезбедува добра
околина за нараснување на тестото.
Ставете го тестото во чинија којашто е
доволно голема за нараснување и
покријте ја со влажна крпа или
пластична фолија. Вметнете ја
решетката на првото ниво и ставете го
садот на неа. Затворете ја вратата и
поставете ја функцијата: Киснато
Тесто. Поставете го потребното
време.
12.2 Печење
Вашата печка може да ги пече
тестото или месото различно од
печката што сте ја имале порано.
Приспособете ги вообичаените
поставки како температура, траење
на готвењето и нивоата на
решетката кон вредностите во
табелите.
МАКЕДОНСКИ 25