User manual
13.2 Вадење на држачите за
решетката
Пред кое и да е одржување,
проверете дали апаратот е изладен.
Постои опасност од изгореници.
За да ја исчистите рерната, извадете
ги решетките.
1. Внимателно извлечете ги
држачите нагоре и надвор од
предното резе.
2
3
1
2. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
3. Извадете ги држачите од задното
резе.
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
13.3 Замена на светилката
Ставете крпче на долниот дел од
внатрешноста на апаратот. Со тоа се
спречува оштетување на капачето на
светилката и на внатрешноста.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар!
Исклучете го осигурувачот
пред замена на
светилката.
Светилката и стакленото
капаче за светилката може
да бидат жешки.
ВНИМАНИЕ!
Секогаш држете ја
халогената светилка со
ткаенина за да спречите на
светилката да изгорат
остатоци од маснотија.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ги осигурувачите од
кутијата или исклучете го
прекинувачот на струјното коло.
Горна светилка
1. Свртете го стакленото капаче на
светилката налево за да го
отстраните.
2. Исчистете го стаклениот капак.
3. Заменете ја светилката со
соодветна светилка отпорна на
топлина до 300°C.
4. Монтирајте го стакленото капаче.
14. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
14.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите
или да ракувате со
рерната.
Рерната не е поврзана со
напојување за струја или
не е правилно поврзана.
Проверете дали рерната е
правилно поврзана со
струја (погледнете во
дијаграмот за поврзување,
ако е на располагање).
Рерната не загрева. Рерната е исклучена. Вклучете ја рерната.
Рерната не загрева. Часовникот не е поставен. Поставете го часовникот.
www.aeg.com44