User manual

кога е вклучен апаратот;
ако допрете кое било сензорско поле при ноќна осветленост (освен од
ВКЛЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ), екранот се враќа во режим на дневна
осветленост во следните 10 секунди;
ако апаратот е исклучен и го поставувате тајмерот за одбројување. Кога ќе
заврши функцијата за тајмерот за одбројување, екранот се враќа на ноќна
осветленост;
Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот за ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на апаратот. Ако го исклучите апаратот, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека апаратот не се излади.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Забелешки за чистењето:
Исчистете го предниот дел на апаратот користејќи мека крпа со топла вода и
средство за чистење.
За чистење на металните површини употребете го вообичаеното средство за
чистење.
Чистете ја внатрешноста на апаратот по секоја употреба. Потоа можете полесно да
ја отстраните нечистотијата и истата нема да изгори.
Тврдокорната нечистотија исчистете ја со специјално средство за чистење печки.
Исчистете го сиот прибор за печката (со мека крпа, топла вода и течност за
чистење) по секоја употреба и оставете го да се исуши.
Ако имате нелеплив прибор, не чистете го со агресивни средства, остри предмети
ниту во машина за миење садови. Тоа може да предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
Систем за создавање пареа
ВНИМАНИЕ
Исушете го генераторот за пареа по секоја употреба. Впијте ја водата со Сунѓерот.
Остатоците од бигор отстранете ги со вода и оцет.
ВНИМАНИЕ
Хемиските средства против бигор можат да го оштетат емајлот на печката.
Почитувајте ги упатствата на производителот!
Чистење на Фиоката за вода и Генераторот на пареа:
1. Наполнете го генераторот на пареа (околу 250 мл) со мешавина од вода и оцет
преку фиоката за вода.
Нега и чистење
25