User manual

15МАКЕДОНСКИ
Пред да го монтирате и употребувате апаратот,
внимателно прочитајте го приложеното упатство.
Производителот не е одговорен доколку неправилната
монтажа или употреба на апаратот предизвика
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството
со апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат може да го користат деца коишто имаат
минимум 8 години и лица со намалени физички,
сетилни или ментални способности, или лица без
искуство и знаење, под услов да бидат под надзор
или да им се објасни како се употребува апаратот на
безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не им дозволувајте на децата да си играат со
апаратот.
Чувајте го целото пакување надвор од дофат на
деца.
Чистењето и одржувањето на апаратот не треба да
го вршат деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинството
и за други слични примени, како што се:
- куќи на фарми; кујнски простор за вработените во
продавници, канцеларии и други работни околини,
- од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместувања со ноќевање и појадок и други видови
на сместувачки објекти,
Користете го апаратот единствено за чување на
вино.
Чувајте ги отворите за вентилација на куќиштето
од апаратот или во вградената структура чисти -
незатнати.
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ