User manual

16 www.aeg.com
Не користете механички уреди или други средства за
забрзување на процесот на одмрзнување, различни
од оние што ги препорачува производителот.
Не оштетувајте го разладното коло.
Не користете електрични уреди во деловите од
апаратот што се предвидени за чување на храна,
освен ако станува збор за видови на уреди што ги
препорачува производителот.
Не користете воден спреј, ниту водена пара за
чистење на апаратот.
Чистете го уредот со влажна, мека ткаенина.
Користете само детергенти со неутрална ph-
вредност. Не користете абразивни производи,
абразивни сунѓери, растворувачи или метални
предмети.
Не чувајте во апаратот експлозивни материи, како
што се аеросол-спрејови со запаливи материи.
Ако е оштетен кабелот за приклучување во
штекерот, него треба да го замени производителот,
овластен сервисер од страна на производителот
или соодветно квалификувани лица со цел да се
избегне опасност.