User manual

19МАКЕДОНСКИ
1
Копче ON/OFF (вклучи/исклучи)
2
Копче за светлина
3
Екран
4
Копче за снижување на температурата
5
Копче за покачување на температурата
1 2 3 4 5
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
4.1 Копче On/O (вклучи/
исклучи) и местење на
температурата
За вклучување на апаратот притиснете
на копчето ON/OFF (вклучи/исклучи).
Екранот ја покажува фабрички
поставената температура (12°C).
Температурата може да се намести од
5° до 20°C (преку поместувања за 1°C)
со допирање на копчето -/+.
За исклучување на апаратот, држете го
притиснато копчето ON/OFF 5 секунди.
4.2 Копче за светлина
Кога вратата е отворена, LED-
светилката свети, кога вратата е
затворена, таа е изгасната. Ако сакате
светилката да свети кога вратата
е затворена, отворете ја вратата и
притиснете го копчето за светлина.
Ако сакате да се вратите на
стандардниот начин на работење,
повторно притиснете на копчето за
светлина.
4.3 Екран
Екранот ја покажува избраната
температура, пораките за грешка,
дали е избран демо-режим, дали се
заклучени копчињата.
4.4 Режим на заклучени
копчиња
Држете ги притиснати копчето + и
копчето за светлина 3 секунди за да
го активирате режимот на заклучени
копчиња.
Апаратот ќе продолжи да работи со
последните поставувања.
За излегување од режимот на заклучени
копчиња, повторете ја истата постапка.
Кога е избрана оваа функција, на
екранот се појавува пораката “bl” при
допирање на кое било копче.
4.5 Демо-режим
ДЕМО-РЕЖИМОТ (DEMO MODE) е
наменет за изложби и за потребите на
продажните салони.
Екранот ќе биде вклучен (ON) и ќе биде
можно да се менува температурата, но
моторот за ладење ќе биде исклучен.
За активирање или излегување од
ДЕМО-РЕЖИМОТ (DEMO MODE),
држете ги истовремено притиснати
копчињата + и - за време од 3 секунди.
Внатрешната LED-светилка може да
се остави да свети и кога вратата е
затворена.
Притиснете на копчето за светлина за
да го активирате режимот на вклучена
светилка.