User manual

ВНИМАНИЕ!
Проверете дали има
алишта меѓу заштитната
гума и вратата. Постои
опасност од протекување
на вода или оштетување
на алиштата.
10.2 Ставање детергент и
додатоци
MAX
Преградата за фаза на
претперење, програма за
киснење или средство за
отстранување дамки.
Преграда за фазата на перење.
Преграда за течни додатоци
(омекнувач, штирак).
Максимално ниво на количина за
течни додатоци.
Секогаш следете ги
упатствата што ќе ги
најдете на пакувањето на
детергентот.
10.3 Поставување програма
Завртете го програматорот на
потребната програма.
Програматорот го одредува видот на
циклусот за перење (на пр.
количеството вода, движењето на
барабанот, бројот на плакнења) и
температурата за перење според
видот алишта.
Показното светло за копчето Почеток/
Пауза почнува да трепка.
Програматорот може да се врти
надесно или налево.
= Ресетирање на програмата/
вклучување ИСКЛУЧУВАЊЕ на
апаратот.
Ако го свртите
програматорот на друга
програма додека работи
апаратот, жолтото
контролно светло на
копчето Почеток/Пауза
трепнува 3 пати. На
екранот се прикажува
пораката Err за да укаже
на погрешен избор.
Апаратот нема да ја
изврши новоизбраната
програма.
10.4 Почнување програма
Притиснете го копчето Почеток/Пауза
за да започне програмата.
Соодветната црвена контролна
светилка престанува да трепка.
Контролната светилка Washing свети
за да укаже дека апаратот почнува да
работи.
Контролната светилка Drying свети за
да укаже дека вратата е заклучена.
Ако сте избрале одложен старт со
копчето Одложување, машината ќе
почне да одбројува.
Доколку поставите неправилна опција,
жолтата контролна светилка на
копчето Почеток/Пауза трепнува 3
пати. Екранот неколку секунди ја
покажува пораката Err.
МАКЕДОНСКИ 19