User manual

10.5 Започнување програма
со одложен почеток
Поставете ја оваа опција откако сте ја
поставиле програмата и пред да го
притиснете копчето Почеток/
Пауза.Пред да ја стартувате
програмата, ако сакате да го
одложите старот на програмата,
притиснте на копчето Одложување
неколку пати, за да го поставите
поскакуваното откажување.
Симболот се појавува на екранот.
Програмата за перење може да се
одложи за 30 мин – 60 мин – 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час до максимум
од 20 часа.
Одбраната вредност на времето за
одложување ќе се појави на екранот
околу 3 секунди, а потоа повторно ќе
се појави времетраењето на
програмата.
Одложеното почнување можете да го
смените или откажете во кое било
време, пред да го притиснете копчето
Почеток/Пауза.
Вратата ќе биде заклучена во текот на
целото време на одложување. Ако
сакате да додадете алишта во
машината за време на одложувањето,
притиснете го копчето Почеток/Пауза
или поставете ја машината во пауза.
Кога ќе се изгасне показателот Door,
вратата може да се отвори Додајте ги
алиштата, затворете ја вратата и
повторно притиснете го копчето
Почеток/Пауза.
Нагодување на одложениот старт.
Поставете ја програмата и
потребните опции.
Поставете го одложениот почеток.
Притиснете го копчето Почеток/
Пауза: машината го започнува
своето одбројување на часовите.
Програмата ќе започне откако ќе
истече избраното одложување.
Откажување на одложен почеток
Притиснете го копчето Почеток/
Пауза за го поставите апаратот на
ПАУЗА;
Притискајте го копчето
Одложување, додека не се прикаже
симболот ’ ;
Притиснете го копчето Почеток/
Пауза повторно за да почне
програмата.
Избраното одложување
може да се смени само по
повторно избирање на
програмата за перење.
Одложениот почеток не може да се
одбере со програмата за цедење.
10.6 Менување опција или
пуштање програма
Менувањето на некои опции е можно
пред програмата да ги изврши. Пред
да направите каква било промена,
мора да го притиснете копчето
Почеток/Пауза за да го ставите
апаратот на пауза.
Менувањето на програма која е во тек
е можно само со ресетирање на
програмата.
Завртете го програматорот на па
потоа на положбата на новата
програма.
Повторно притиснете го копчето
Почеток/Пауза за да започне новата
програма. Водата од перењето во
коритото нема да се испразни.
10.7 Прекинување програма
Притиснете го копчето Почеток/Пауза
за да ја прекинете пуштената
програма, соодветното светло почнува
да трепка. Притиснете го копчето
Почеток/Пауза повторно за да почне
програмата.
10.8 Откажување програма
во тек
Свртете го програматорот на за да
ја откажете пуштената програма. Сега
можете да изберете нова програма.
www.aeg.com20