User manual

Испуштените влакненца можат да се
залепат на ткаенините за време на
следниот циклус.
Овој недостаток е позастапен кај
техничките ткаенини.
За да спречите лепење на
влакненцата на вашите алишта, ви
препорачуваме:
Да не се перат темни ткаенини
откако сте переле и сушеле светло
обоени ткаенини (нови сунѓери,
блузони) и обратно.
Овие видови ткаенини да се сушат
на воздух по првото перење.
Да се чисти одводниот филтер.
По фазата на сушење, темелно
исчистете го празниот барабан,
дихтунгот и вратата со влажна
крпа.
13. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
13.1 Полнење алишта
Поделете ги алиштата на: бели,
обоени, синтетика, нежни и
волнени.
Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
Не перете заедно бели и алишта во
боја.
Некои алишта во боја може да ја
изгубат боја по првото перење. Ви
препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и
дрикерите. Врзете ги ремените.
Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
Извадете ги тврдокорните дамки со
специјален детергент.
Измијте ги и исчистете ги
претходно тврдокорните дамки
пред да ги ставите во барабанот
Бидете внимателни со завесите.
Извадете ги куките и ставете ги
пердињата во вреќичка за перење
или во навлака за перници.
Немојте да перете во апаратот
исечени или алишта без раб.
Користете ја корпатвреќичката за
перење за перење на мали и/или
чувствителни алишта ( на пр.
градници со жица, колани,
хулахопки, итн.).
Многу мало полнење може да
предизвика проблеми со
рамнотежата за време на фазата
на центрифугирање. Ако се случи
ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и повторно
вклучете ја фазата на
центрифугирање.
13.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме да ги исчистите
овие дамки пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете
специјален отстранувач за дамки
којшто е прикладен за видот на
дамката и материјалот.
13.3 Детергенти и додатоци
Користете само детергенти и
додатоци што се предвидени за
употреба во машина за перење:
прашоци за перење за сите
видови ткаенини,
прашоци за перење за
чувствителни ткаенини (до 40
°C) и волна,
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60 °C) за сите
видови ткаенини или
специјални само за волна.
Не мешајте различни видови
детергенти.
www.aeg.com24