User manual

14.6 Чистење на одводниот филтер
Пумпата треба редовно да се проверува и тоа особено ако:
Апаратот не се празни и/или не центрифугира;
Апаратот испушта невообичаени звуци за време на цедењето поради предмети,
како на пр., безопасни, парички итн., кои ја блокираат пумпата.
Откриен е проблем кај системот за испуштање на водата (за повеќе детали,
погледнете во поглавјето „Решавање проблеми“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред да го одвртите капакот на пумпата, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот од штекерот.
Чистење на одводниот филтер:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во
пумпата може да има жешка вода. Никогаш не вадете го капакот од
пумпата за време на циклус на перење, секогаш почекајте апаратот
да го заврши циклусот и да биде празен. Кога го враќате капакот на
пумпата на место, проверете дали е цврсто затегнат за да спречите
протекување и можност деца да го одвртат.
1. Извлечете го приклучокот на апаратот.
2. Доколку е потребно, почекајте додека водата не се излади.
A B
3. Ставете сад до пумпата за да се собере
истуреното.
А = капак на филтер.
B = црево за итно празнење.
4. Ослободете го цревото за итно
празнење, ставете го во садот и извадете
го капачето.
1
2
5. Откако водата ќе престане да тече,
одвртете го капакот на пумпата вртејќи го
налево и извадете го филтерот. Користете
клешти, ако е потребно. Секогаш држете
некаква крпа во близина за да ја соберете
истурената вода кога го вадите капакот.
Исчистете го филтерот под млаз вода за
да ги отстраните сите влакненца.
www.aeg.com28