User manual

Се исклучува показното светло на
копчето . Вратата може да се
отвори.
1. Свртете го копчето на
програматорот до позиција за
да го исклучите апаратот.
2. Извадете ги алиштата од
апаратот. Проверете дали
барабанот е празен.
3. Затворете ја славината за вода.
4. Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси.
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување
на вратата
свети. Вратата
останува заклучена.
Мора да ја исцедите водата за да ја
отворите вратата.
За да ја исцедите водата:
1. Одберете програма за испуштање
на водата или за центрифугирање.
Ако е неопходно, намалете ја
брзината на центрифугата.
2. Притиснете го копчето.
Апаратот ја цеди водата и
центрифугира.
3. Кога програмата е завршена и
показателот се гаси, можете да
ја отворите вратата.
4. Свртете го копчето на
програматорот до позиција за
да го исклучите апаратот.
10.9 Подготвеност
Откако ќе заврши програмата, после
неколку минути се вклучува системот
за штедење енергија. Се намалува
интензитетот на осветлување на
екранот. Апаратот ќе излезе од
статусот на штедење енергија со
притискање на кое било копче.
11. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
11.1 Полнење алишта
Поделете ги алиштата на: бели,
обоени, синтетика, нежни и
волнени.
Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
Не перете заедно бели и алишта во
боја.
Некои алишта во боја може да ја
изгубат боја по првото перење. Ви
препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за
перници, патентите, куките и
дрикерите. Врзете ги ремените.
Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
Отстранете ги тешките дамки.
Перете ги тврдокорните дамки со
специјален детергент.
Бидете внимателни со завесите.
Тргнете ги куките или ставете ги
завесите во торба за перење или
во навлака.
Немојте да перете во апаратот
исечени или алишта без раб.
Користете ја корпата за перење за
перење на мали предмети ( на пр.
градници со жица, колани,
хулахопки, итн.).
Многу мало полнење може да
предизвика проблеми со
рамнотежата за време на фазата
на центрифугирање. Ако се случи
ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и повторно
вклучете ја фазата на
центрифугирање.
11.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме да ги отстраните
овие дамки пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 37