User manual

10.10 Прекинување на
програма и менување на
опција
Можете да промените само одредени
опции пред да се вклучат.
1. Притиснете го копчето Start/Pause.
Соодветното светло трепка.
2. Сменете го нагодувањето на
опцијата.
3. Притиснете го копчето Start/Pause
повторно.
Програмата продолжува.
10.11 Откажување програма
во тек
1. Притиснете го копчето On/Off за да
откажете програма или да го
исклучете апаратот.
2. Притиснете го копчето On/Off
повторно за да го вклучите
апаратот.
Сега, можете да поставите нова
програма за перење.
Пред да започне со новата
програма, апаратот може
да ја цеди водата. Во тој
случај, проверете дали
детергентот е уште во
преградата за детергент,
ако не е, повторно
наполнете детергент.
10.12 Отворање на вратата
Доколку температурата и
нивото на водата во
барабанот се премногу
високи и/или барабанот се
уште се врти, не можете да
ја отворите вратата.
Додека програмата или одложениот
почеток се во тек, вратата на апаратот
е затворена.
1. Притиснете го копчето Start/Pause.
На екранот се исклучува соодветното
показно светло за заклучена врата.
2. Отворете ја вратата на апаратот.
3. Затворете ја вратата и притиснете
го копчето Start/Pause.
Програмата или одложениот почеток
продолжуваат.
10.13 Крај на циклусот
Кога ќе заврши програмата, апаратот
автоматски престанува со работа.
Звучниот сигнал работи (ако е
вклучен).
На екранот се појавува
и се
исклучува показното светло за
затворена врата .
Се исклучува показното светло на
копчето Start/Pause.
1. Притиснете го копчето On/Off за да
го исклучите апаратот.
По пет минути од завршувањето на
програмата, функцијата за штедење
енергија автоматски го исклучува
апаратот.
Кога го вклучувате
апаратот повторно,
екранот го прикажува
крајот на последната
поставена програма.
Свртете го програматорот
за да поставите нов
циклус.
2. Извадете ги алиштата од
апаратот.
3. Проверете дали барабанот е
празен.
4. Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси
10.14 Цедење на вода после
крајот на циклусот
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување на
вратата свети. Вратата останува
заклучена.
Мора да ја исцедите водата за да ја
отворите вратата:
1. Ако е неопходно, намалете ја
брзината на центрифугата.
2. Притиснете го копчето Start/Pause.
Апаратот ја цеди водата и
центрифугира.
3. Кога програмата ќе заврши и
показното светло за заклучена
www.aeg.com18