User manual

Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
Отворите за вентилација во основата не смеат да
бидат попречени од таписон, килим или било каков
покривач за под.
Апаратот мора да биде поврзан со водоводната
мрежа со помош на добиениот комплет на црева,
или нов комплет од црева кои ќе ги добиете од
Овластениот сервисен центар.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
Чистете го апаратот со навлажнета крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунгери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C
или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
Подот каде што ќе биде поставен
апаратот мора да биде рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
www.aeg.com4