User manual

Екранот ја прикажува минималната
вредност на времето и следните
симболи:
Се пали симболот за сушење.
Се пали симболот за заштита од
туткање.
Се пали симболот за времето на
сушење.
Кога сушите голема
количина на алишта, за да
имате добри резултати при
сушењето, проверете дали
алиштата се завиткани и
дали се подеднакво
распоредени во
барабанот.
За да добиете најдобри
резултати при сушење кога
перете алишта, поставете
ја центрифугата на
максималната дозволена
брзина за видот на вашите
алишта.
Исто така, алиштата можете да ги
исушите на два начина:
10.2 Автоматско сушење
1. Притискајте го копчето Ниво на
сушење додека не се појави црна
линија под еден од симболите за
ниво на сувост:
Екстра суво ниво
Ниво Суви за во плакар
Ниво Суви за пеглање
Симболот за време на сушење се
исклучува
Екранот го покажува времето
пресметано според стандардната
количина на полнење. Доколку
количината на вашите алишта е
поголема или помала од стандардната
количина, апаратот автоматски го
приспособува времето во текот на
циклусот.
2. Притиснете го копчето Старт/
Пауза за да започне програмата.
На екранот:
Се пали симболот за заклучена
врата.
Почнува да трепка симболот за
сушење.
Симбол за поставеното ниво на
сувост останува вклучен (на пр.
Суви за во плакар).
Симболите за другите нивоа се
гасат.
Екранот постојано ја ажурира
вредноста на циклусот на сушење
(секоја минута).
Не можете да ги поставите
сите нивоа за сите видови
алишта (погледнете во
табелата „Програми за
автоматско сушење“).
10.3 Сушење со тајмер
1. Притиснете го копчето Траење на
сушењето повеќе пати за да го
поставите времето (видете ја
табелата «Програма за сушење»).
Се пали симболот за сушење.
Се пали симболот за заштита од
туткање.
Се пали симболот за времето на
сушење.
Поставување време.
Со секое притискање на ова копче,
времето се продолжува за 5 минути.
www.aeg.com26