User manual

Пред да започне со новата
програма, апаратот може
да ја цеди водата. Во тој
случај, проверете дали
детергентот е уште во
преградата за детергент,
ако не е, повторно
наполнете детергент.
9.13 Отворање на вратата
Доколку температурата и
нивото на водата во
барабанот се премногу
високи и барабанот се
уште се врти, не можете да
ја отворите вратата.
Додека програмата или одложениот
почеток се во тек, вратата на апаратот
е затворена.
1. Притиснете го копчето Почеток/
Пауза.
На екранот се исклучува соодветното
показно светло за заклучена врата.
2. Отворете ја вратата на апаратот.
3. Затворете ја вратата и притиснете
го копчето Почеток/Пауза.
Програмата или одложениот почеток
продолжуваат.
9.14 Крај на циклусот
Кога ќе заврши програмата, апаратот
автоматски престанува со работа.
Звучниот сигнал работи (ако е
вклучен).
На екранот се појавува и се
исклучува показното светло за
затворена врата .
Се исклучува показното светло на
копчето Почеток/Пауза.
1. Притиснете го копчето Вклучено/
Исклучено за да го исклучите
апаратот.
По пет минути од завршувањето на
програмата, функцијата за штедење
енергија автоматски го исклучува
апаратот.
Кога го вклучувате
апаратот повторно,
екранот го прикажува
крајот на последната
поставена програма.
Свртете го програматорот
за да поставите нов
циклус.
2. Извадете ги алиштата од
апаратот.
3. Проверете дали барабанот е
празен.
4. Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси
9.15 Цедење на вода после
крајот на циклусот
Програмата за перење е завршена,
но има вода во барабанот:
Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
Показното светло за заклучување на
вратата
свети. Вратата останува
заклучена.
Мора да ја исцедите водата за да ја
отворите вратата:
1. Ако е неопходно, намалете ја
брзината на центрифугата.
2. Притиснете го копчето Почеток/
Пауза.
Апаратот ја цеди водата и
центрифугира.
3. Кога програмата ќе заврши и
показното светло за заклучена
врата ќе се изгасне
, можете да
ја отворите вратата.
4. Притиснете го Вклучено/Исклучено
неколку секунди за да ја исклучите
машината.
Апаратот се цеди и
центрифугира автоматски
после приближно 18 часа.
9.16 Опција АВТОМАТСКА
состојба на мирување
Опцијата АВТОМАТСКА состојба на
мирување автоматски ја исклучува
машината за да ја намали
потрошувачката на електрична
енергија кога:
МАКЕДОНСКИ 23