User manual
• Апаратот може да се постави самостојно или под
кујнска работна површина со соодветен простор.
• Не монтирајте го апаратот зад врата што може да
се заклучува, лизгачка врата или врата со шарки
на спротивната страна, кадешто вратата на
апаратот не може целосно да се отвори.
• Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на
крајот од монтажата. Проверете дали приклучокот
за струја е пристапен по монтирањето.
• Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
• Проверете дали има добра вентилација во собата
каде што е монтиран апаратот, за да избегнете
враќање на гасовите од други апарати што
користат различно гориво, вклучувајќи и отворен
оган.
• Издувниот воздух не смее да биде испуштен во
оџак кој се користи за издувните гасови кои
доаѓаат од запаливиот гас или од други горива
(ако е применливо).
• Работниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и
8 bar (0,8 MPa).
• Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 9 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
• Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Исчистете ги сите влакненца кои се насобрале
околу апаратот.
www.aeg.com4