User manual

Апаратот може да се постави самостојно или под
кујнска работна површина со соодветен простор.
Не монтирајте го апаратот зад врата што може да
се заклучува, лизгачка врата или врата со шарки
на спротивната страна, кадешто вратата на
апаратот не може целосно да се отвори.
Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на
крајот од монтажата. Проверете дали приклучокот
за струја е пристапен по монтирањето.
Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
Проверете дали има добра вентилација во собата
каде што е монтиран апаратот, за да избегнете
враќање на гасовите од други апарати што
користат различно гориво, вклучувајќи и отворен
оган.
Издувниот воздух не смее да биде испуштен во
оџак кој се користи за издувните гасови кои
доаѓаат од запаливиот гас или од други горива
(ако е применливо).
Работниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и
8 bar (0,8 MPa).
Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 9 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Исчистете ги сите влакненца кои се насобрале
околу апаратот.
www.aeg.com4