User manual
4.2 Чување на замрзната
храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 2 часа со
FROSTMATIC вклучена функција .
Фиоките на замрзнувачот ви
овозможуваат брзо и лесно наоѓање
на пакувањето со храна кое што го
барате. Ако треба да зачувате голема
количина на храна, извадете ги сите
фиоки освен долната фиока која што
треба да биде на своето место за да
обезбеди добра циркулација на
воздухот. На сите полици можно е да
ставите храна којашто е испакната
најмногу 15 mm од вратата.
4.3 Замрзнување на свежа
храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете мала количина на
свежа храна, не е неопходно да ја
менувате моменталната поставка.
За да замрзнете свежа храна,
вклучете ја функцијата FROSTMATIC
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна за мрзнење
во горната преграда.
Максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часа е
одредено на плочката со
спецификации.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не требa да додавате
друга храна за замрзнување.
Кога ќе заврши замрзнувањето,
вратете на потребната температура
(видете во „Функција FROSTMATIC“).
Во оваа состојба,
температурата на
преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C.
Ако се случи тоа,
поставете го регулаторот
на температурата на
поставка за повисока
температура.
4.4 Чување на храна во
преградата на фрижидерот
Покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус.
Ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа.
Чувајте ја храната на преградите но не
поблиску од 20 mm од задниот ѕид и
15 mm од вратата.
4.5 модул FreshBox
Фиоката во модулот е погодна за
чување свежа храна како риба, месо,
морска храна, бидејќи температурата
таму е пониска од остатокот на
фрижидерот.
ВНИМАНИЕ!
Пред ставање или вадење
на модулот FreshBox во
апаратот, извлечете ја
фиоката MaxiBox и
стаклениот капак.
Модулот FreshBox е опремен со шини.
Кога се вади модулот од преградата
на фрижидерот извлечете го накај Вас
и извадете ја корпата со навалување
на нејзиниот предел дел надолу.
www.aeg.com22