User manual
4.6 DYNAMICAIR
Преградата на фрижидерот е
опремена со уред кој овозможува брзо
ладење на храната и поизедначена
температура во преградата на
фрижидерот.
Апаратот по потреба се активира
автоматски самиот, на пример за брзо
обновување на температурата по
отворање на вратата при висока собна
температура.
5. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Чистење на
внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користите детергенти,
абразивни средства,
средства за чистење со
хлор или на база на масло
затоа што може да ја
оштетат политурата.
5.2 Периодично чистење
ВНИМАНИЕ!
Не влечете ги, не
поместувајте ги и не
оштетувајте ги цевките
и/или каблите во
фрижидерот.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте да не го
оштетите системот за
ладење.
ВНИМАНИЕ!
Кога го движите апаратот,
кренете го предниот дел за
да спречите гребење на
подот.
Опремата треба редовно да се чисти:
1. Измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода и со
неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги
заптивките на вратата и бришете
ги за да бидат чисти и без
остатоци од храна.
3. Исплакнете и избришете целосно.
4. Ако се достапни, чистете ги со
четка кондензаторот и
компресорот на задната страна на
апаратот.
Со тоа се подобрува работењето
на апаратот и се штеди
електрична енергија.
Најдолната полица, што ја дели
поладната комора од комората може
да се извади само заради чистење. За
да ја извадите, повлечете ја право.
За да се обезбеди целосна
функционалност на
комората FreshBox,
најниската полица и
граничните табли мораат
по чистењето да се вратат
во нивната оригинална
положба.
Граничните табли над фиоките во
комората можат да се извадат за
чистење.
МАКЕДОНСКИ 23