User manual

1.5 Местење
За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во
одделните пасуси.
Распакувајте го апаратот и
проверете да не е оштетен. Не
приклучувајте го апаратот ако е
оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што
сте го купиле апаратот. Во тој
случај, престанете со распакување.
Препорачливо е да се почека
најмалку четири часа пред да се
приклучи апаратот за да може
маслото да се врати во
компресорот.
Околу апаратот треба да има
соодветно кружење на воздухот -
без него може да дојде до
прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел
на производот треба да е блиску до
ѕид, за да не биде можно допирање
или фаќање на топлите делови
(компресорот, кондензаторот) и
изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа
блиску до радијатори или плински
шпорети.
Внимавајте штекерот да е
пристапен по местењето на
апаратот.
Поврзете го само со довод за питка
вода (ако е предвидено поврзување
со вода).
1.6 Сервисирање
Електричните приспособувања
потребни за сервисирање на
апаратот треба да ги изврши
квалификуван електричар или
компетентно лице.
Производот мора да го сервисира
овластен Сервисен центар и мора
да се користат само оригинални
резервни делови.
1.7 Заштита на животната
средина
Апаратот не содржи гасови
што може да го оштетат
озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали.
Апаратот не смее да се
расходува заедно со обичен
комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи
запаливи гасови: апаратот
мора да се расходува согласно
со важечките прописи што
може да ги добиете од
локалните власти.
Избегнувајте оштетување на
уредот за ладење, особен
одзади, близу до разменувачот
на топлина. Материјалите
употребени за овој апарат
означени со симболот
се
рециклираат.
МАКЕДОНСКИ 23