User manual

температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
4.4 Температурен показател
За да Ви помогнеме правилно да
управувате со апаратот, вградивме
температурен показател во Вашиот
фрижидер.
Страничниот симбол ја покажува
најстудената област во фрижидерот.
Најстудената област се протега од
стаклената полица на фиоката за
овошје и зеленчук до симболот или до
полицата којашто е поставена на иста
висина со симболот.
За соодветно чување на храната,
уверете се дека температурниот
показател ја покажува пораката „ОК“.
OK
Ако пораката „ОК“ не е прикажана,
прилагодете го температурниот
контролор на пониска поставка и
почекајте 12 часа пред да го
проверите повторно температурниот
показател.
Откако ќе ставите свежа храна во
апаратот или после постојаното
отворање на вратата подолг
временски период, нормално е
пораката „ОК“ да исчезне.
4.5 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи така што
полиците може да се наместат по
желба.
4.6 Држач за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот
свртен нанапред) на претходно
наместената полица.
Ако полицата е ставена хоризонтално,
ставајте само затворени шишиња.
Полицата за шишиња може да се
навали за да се чуваат претходно
отворени шишиња. За да го
постигнете тоа, повлечете ја полицата
нагоре за да може да се сврти нагоре
и да се стави на следното повисоко
ниво.
4.7 Местење на полиците од
вратата
За да се овозможи чување на пакети
храна во разни големини, полиците на
вратата може да се поставуваат на
различни висини.
За да ги направите овие
приспособувања, постапете на
следниов начин:
постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се
ослободи, потоа наместете ја по
желба.
2
1
3
26
www.aeg.com