User manual

3.6 Регулирање на
температурата
Поставете ја температура на
фрижидерот и на замрзнувачот со
притискање на копчињата за
температура.
Стандардни температури:
+5°C за фрижидерот
-18°C за замрзнувачот
Показните светла за температура ја
покажуваат поставената температура.
По прекин во електричното
напојување, поставената
температура останува
зачувана.
Поставената температура
ќе се достигне за 24 часа.
3.7 Аларм за висока
температура
Зголемувањето на температурата во
преградата на замрзнувачот (на
пример, поради поранешен прекин во
напојувањето со струја) се покажува
со:
трепкање на показните светла за
аларм и температура на
замрзнувачот;
зуење.
Притиснете го кое било копче и
ресетирајте го алармот.
Ѕвоното се исклучува.
Температурниот показател на
замрзнувачот неколку секунди ја
покажува највисоката достигната
температура. Потоа повторно ја
прикажува поставената температура.
Показното светло за алармот
продолжува да трепка додека не се
вратат нормалните услови.
3.8 Функција COOLMATIC
Ако треба да ставите големо
количество храна, на пример откако
сте се вратиле од пазарење,
предлагаме да ја вклучите функцијата
COOLMATIC за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е
веќе во фрижидерот.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло COOLMATIC трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
COOLMATIC.
Функцијата COOLMATIC се
исклучува автоматски по
околу 52 часа.
За да ја исклучите
функцијата пред да
заврши автоматски,
повторувајте ги чекорите
додека не се исклучи
показното светло
COOLMATIC.
3.9 Функција FROSTMATIC
Функцијата FROSTMATIC го забрзува
замрзнувањето на свежа храна, а
истовремено ја штити веќе
замрзнатата храна од несакано
загревање.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло FROSTMATIC
трепка.
2. Притиснете го копчето OK за
потврда.
Се прикажува показното светло
FROSTMATIC.
Функцијата FROSTMATIC
се исклучува автоматски
по околу 52 часа.
За да ја исклучите
функцијата пред да
заврши автоматски,
повторувајте ги чекорите
додека не се исклучи
показното светло
FROSTMATIC.
3.10 Функција ExtraHumidity
За зголемување на влажноста во
фрижидерот, активирајте ја
функцијата ExtraHumidity.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
www.aeg.com22