User manual
2.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете
го регулаторот на температурата во
положба „O“.
Контролното светло ќе се изгасне.
2.3 Регулирање на
температурата
Температурата се регулира
автоматски.
За да работите со апаратот,
постапете на следниов начин:
• свртете го регулаторот на
температурата кон помалата
поставка за да постигнете
минимално ладење.
• свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо
земено, е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да
се одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.
2.4 функција FROSTMATIC
Можете да ја активиратеFROSTMATIC
функцијата со притискање на
FROSTMATIC прекинувачот.
Светлото FROSTMATIC ќе се запали.
Ова функција се исклучува
автоматски по 52 часа.
Можно е функцијата да се исклучи во
било кое време со притискање на
прекинувачот FROSTMATIC. Светлото
FROSTMATIC ќе се изгасне.
2.5 функција DYNAMICAIR
Може да ја вклучите функцијата
DYNAMICAIR со притискање на
прекинувачот DYNAMICAIR .
Светлото DYNAMICAIR ќе се запали.
Можно е функцијата да се исклучи во
било кое време со притискање на
прекинувачот DYNAMICAIR . Светлото
DYNAMICAIR ќе се изгасне.
Ако функцијата е автоматски
вклучена DYNAMICAIR
индикаторот е прикажан
(погледнете во „Дневна
употреба“).
Вклучувањето на DYNAMICAIR
функцијата ја зголемува
потрошувачката на енергија.
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Чистење на
внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на
новите производи, па исушете го
темелно.
Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја
оштетат политурата.
3.2 Замрзнување на свежа
храна
Одделот за замрзнување е погоден за
замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна,
активирајте ја функцијата
FROSTMATIC најмалку 24 часа пред
да ја ставите храната во
замрзнувачот.
Свежата храна за мрзнење ставете ја
во долната преграда.
Максималното количество храна што
може да се замрзне за 24 часа е
дадено на плочката со спецификации,
МАКЕДОНСКИ 25