User manual
етикета што се наоѓа на внатрешната
страна на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не треба да додавате
друга храна за замрзнување.
3.3 Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки и корпи од апаратот и ставете
ја храната на полици за ладење за да
добиете најдобри перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте храната да не го
надмине граничникот за
полнење што се наоѓа горе
отстрана (каде што го има)
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
поради снемување струја, ако
немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
изеде брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се
излади).
3.4 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
3.5 Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или
повеќе садови за правење коцки мраз.
Наполнете ги садовите со вода, потоа
ставете ги во преградата на
замрзнувачот.
Не користете метални алатки
за вадење на садовите од
замрзнувачот.
3.6 Акумулатори на студ
Во смрзнувачот има еден или повеќе
акумулатори на студ. тие го
продолжуваат времетраењето на
чување на храната во случај на
снемување струја или дефект.
3.7 Температурен показател
Овој апарат се продава во
Франција.
Во согласност со законските
прописи кои важат во оваа
земја, мора да биде опремен
со специјален уред (види
слика) кој ќе биде поставен во
долниот дел на преградата во
фрижидерот за да ја означи
неговата најстудена зона.
26
www.aeg.com