User manual
Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките
и каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани
средства за чистење или восок
за полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така
може да се оштетат
површините и да остане силен
мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот
(црната решетка) и компресорот на
задната страна на апаратот. Со тоа се
подобрува работењето на апаратот и
се штеди електрична енергија.
Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што
може да ја нагризат или оштетат
пластиката на апаратот. Поради тоа,
се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла
вода со малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
5.2 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од
фрижидерот секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од адната страна на
апаратот, над моторниот компресор,
од којшто испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во фрижидерската преграда
за да се спречи прелевање на водата
и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го најдете веќе
вметнат во дупчето за истекување.
5.3 Одмрзнување на
замрзнувачот
Одделот на замрзнувачот на овој
модел е од типот "без мраз". Тоа
значи дека нема создавање мраз во
текот на работата, ниту на
внатрешните ѕидови ниту на храната.
Тоа се должи на постојаното струење
на студениот воздух во внатрешноста
на одделот, придвижуван од
автоматски регулиран вентилатор.
5.4 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
• откачете го апаратот од
електричната мрежа
• извадете ја сета храна
• одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите
додатоци
• оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите
непријатни мириси.
Ако фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете некого да го
проверува повремено за да не се
случи храната да се расипе во случај
на снемување струја.
30
www.aeg.com