Operation Manual

mk
8. ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
616 469601_a
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
ADVICE
Чистењето на филтерот завоздух
е битно за добрата работа
и век трајноста на самата
машина. Не работете без филтер
или со оштетен филтер за
да не предизвикате непоправливи
оштетувања на моторот.
Чистењето треба да се спроведува на секои 8–
10 часови работа.
Модели 36 и 43
За чистење на филтерот (сл. 22):
Поместете ја напред предната заштита за
рацете.
Одвртете ги навртките (1) и отстранете го
капакот (2).
Извадете ги предфилтерот во сунѓерот
(3а) и елементот со филтерот (3).
Потчукнете го лесно елементот со
филтерот (3) за да ја извадите
нечистотијата.
Ако е потребно, измијте ги предфилтерот
во сунѓер (3a) и елементот со филтерот (3)
со топла вода и сапун или детергент или
издувајте ги со компресиран воздух.
Отстранете ги сите остатоци од сечењето
и нечистотиите од куќиштето за филтерот
(4) внимавајќи да не навлезете во цевката
за вшмукување (5).
Поставете ги елементот со филтерот (3) и
предфилтерот во сунѓер (3а) само откако
ќе се исушат целосно.
Поставете го повторно капачето (2).
Модели 46 и 52
За чистење на филтерот (сл. 23):
Поместете ја напред предната заштита за
рацете.
Со помош на шрафцигер, извадете ги
трите странични прицврстувачи (1) и
извадете го капакот (2).
Извадете го копчето на стартерот (3) и
со помош на клешти извлечете ги двете
странични сопирачки (4).
Извадете го елементот со филтерот (5)
и потчукнете го внимателно за да ја
извадите нечистотијата и ако е неопходно,
измијте го со топла вода и сапун или
детергент. Во случај на употреба на
воздух под притисок, насочете го воздухот
од внатре кон надвор.
Отстранете ги сите остатоци од сечењето
и нечистотијата од куќиштето за филтерот
(6) внимавајќи да не навлезете во цевката
за вшмукување (7).
Поставете го елементот со филтерот (5)
само кога ќе се исуши целосно внимавајќи
да ги склопите совршено двата странични
продолжетоци (8) со соодветните места во
куќиштето на филтерот.
Ставете ги на место двете странични
сопирачки (4).
Поставете го капакот (2) и прицврстете ги
трите прицврстувачи (1).
КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА (сл. 24)
До свеќичката може да се пристапи ако го
извадите капакот за филтерот за воздух.
Повремено, откачете ја и исчистете ја
свеќичката за да ги отстраните евентуалните
талози со метална спатула.
Проверете ја и обновете ја точната
оддалеченост меѓу електродите.
Поставете ја свеќичката на место
прицврстувајќи ја со приложените клучеви.
Свеќичката треба да се замени со друга
со аналогни карактеристики во случај кога
електродите се прегорени или неправилно
изолирани, или на секои 100 часа
функционирање.
РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ
Карбураторот се регулира во фабрика во
режим да дава максимални резултати во
секоја ситуација на користење, со минимално
емитирање на штетни гасови и во согласност
со важечките закони.
Во случај на отфрлање, проверете без
исклучок дали ланецот е делумно разлабавен
и дали лостот има деформирани преносници,
тогаш обратете се кај застапникот за
верификација на согорувањето на моторот.
Минимална регулација
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Ланецот не смее да се движи
кога моторот е во минимален
режим. Аколанецот се движи кога
моторот е на минимум,треба да
контактирате со застапникот за
правилна работа на моторот.
ИЗОСТРЕНОСТ НА ЛАНЕЦОТ